Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19, 61 оздравен пациент и едно починато лице.

Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15.09 до 28.09. 2022. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.557 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

By Author