Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022): Направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19, 135 оздравени пациенти и пријавени се 3 починати лица.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и  едно починато лице од Кратово (72г), сите се  починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

By Author