Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 случај на КОВИД-19, оздравени се 77 пациенти и не се регистрирани починати лица.
Од ново заболените (81), 25 се реинфекции.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин во последните 24 часа нема пријавено починати лица.
.Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, а на починати е 9.531.