Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 чaса: Направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на КОВИД-19, 84 оздравени пациенти и е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови.
Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.