Според податоците од ЈЗУ, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Извршени се 977 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19, 175 оздравени пациенти и не се пријавени починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300