Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на ковид-19, 364 оздравени пациенти и 2 починати лица од Скопје (85г и 83г).
Од вкупниот број позитивни (313), регистрирани се 79 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (85г и 83г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се 5 починати лица, од Битола (84г), Валандово (71г), Кратово (68г), Охрид (73г) и Скопје (88г). Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 6.8. до 23.8.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 146 647 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339 240, бројот на оздравени пациенти е 327 354, на починати е 9468, а бројот на активни случаи изнесува 2418.