Според податоците од Институтот за јавно здравје Од 1131 направен тест во изминатите 24 часа, има 381 нов случај на КОВИД-19 и регистрирани 775 оздравени пациенти.
Од вкупниот број позитивни, 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ дополнително се евидентирани четири починати со датум на смрт од 18 до 21 август.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58) и Охрид (67) кои починале во болнички услови. Преку Регистарот од „Мој термин“, од 18 до 21 август починале четири лица од: Скопје (62), Кочани (73), Свети Николе (86) и Ресен (64г. Две лица починале во болница и две во домашни услови.
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјав од почетокот на епидемијата изнесува 338 929 од направени 2 145 675 тестирања на КОВИД-19. Оздравеле 326 990, починале 9461, а активни случаи има 2478.