Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа направени се 1 284 тестови и регистрирани 429 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД со што вкупната бројка на дијагностицирани е 338 549. Оздравени се 572 пациента, а пријавени се и пет починати лица.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вкупниот број позитивни(429), 95 се реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (70 г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 13.08. до 18.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877

By Author