Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19, 583 оздравени пациенти и 2 починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (72г) и Охрид(82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564