Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19, 592 оздравени пациенти и две починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72г и 60г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116