Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи со КОВИД-19, 1.252 оздравени пациенти и две починати лица соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (815), регистрирани се 158 реинфекции.
Двете лица починале во Велес (86г и 74г) во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица, од Скопје (88г и 88г), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а на активни случаи изнесува 4.535