Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.828 тестови, регистрирани се нови 897 случаи на КОВИД-19, оздравени 638 и починати две лица, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на новорегистрирани позитивни (897), реинфекции се 215.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901