Во изминатите 24 часа се направени и1 774 тестови, регистрирани се нови 792 случаи на КОВИД од кои 203 реинфекции и 317 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Починати лица не се пријавени, но согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД од „Мој Термин“ регистрирани се двајца починати во домашни услови во периодот од 14 до18 јули.
Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595
.