Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1 489 тестови, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 264 пациенти, а во изминатото деноноќие нема пријавени починати лица, информира Министерството за здравство. .
Од вкупниот број на новозаразени лица (511) 129 се реинфекции.
-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на 5 јули 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.