Како што информрираат од Министерството за здравство, во последните три дена од направени 1.972 тестови регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19, 124 оздравени пациенти, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Од вкупниот број новозаболени регистрирани се 20 реинфекции.
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.