Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.112 тестови и регистрирани се 75 нови случаи на Ковид 19, починати лица не се пријавени, соопшти Министерството за здравство.
Oд вкупниот број на позитивни(75), регистрирани се 12 реинфекции.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје на 86-годишна возраст, починато во болнички услови на 31-ви минатиот месец.
Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.