Во последните три дена од направени 2.335 тестови регистрирани се 151 нов случај на КОВИД-19, од кои 29 се реинфекции, едно починато лице и 194 оздравени пациенти, а дополнително преку Мој Термин се пријавени уште две починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатите три дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г), едно лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.053.343 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302 013, на починати е 9 303, а бројот на активни случаи изнесува 535.

By Author