Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19 од направени 1411 тестови, како и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број на новозаболени осум се реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.

By Author