Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи со КОВИД-19 и 58 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310 595, бројот на оздравени пациенти е 300 675, на починати е 9 287, а на активни случаи изнесува 633.

By Author