Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи на КОВИД-19, 99 оздравени пациенти и нема регистрирано починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594.