Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатотото деноноќие направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на КОВИД-19, 101 оздравен пациенти и не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.
Од вкупно 77 ново регистриран осум се реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.027.591 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на оздравени пациенти е 300.208, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 648.