Во последните 24 часа регистрирани се нови 124 случаи на КОВИД-19, од направени 1.798 тестови. Регистрирани се 114 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.