Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа, направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи со КОВИД-19, 156 оздравени пациенти, ине се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на новозаболени(89) реинфицирани се 21.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г), починато во болнички услови, починато на 25.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а на активни случаи изнесува 493.