Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19, 89 оздравени пациенти и едно починато лице.
Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од : Прилеп (72г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително не се регистрирани починати лица .
Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.