Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, а бројот на активни случаи изнесува 802.