Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира: Во последните 24 часа од направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19, 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку Мој Термин е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април.
Од вкупниот број на нови случаи Ковид-19 (133) реинфицирани се 20.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, а бројот на активни случаи изнесува 801.