Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 684 тестови, а се регистрирани 18 нови случаи со КОВИД-19 и 231 оздравен пациент. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 18-те вкупно нови случаи кај едно лице е регистрирана реинфекција.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а е пријавено на 30 март.
Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а на активни случаи изнесува 826.