Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19, 197 оздравени пациенти и едно починато лице.
Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, а бројот на активни случаи изнесува 1.813