Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на КОВИД-19, 81 оздравен пациент и нема регистрирани починати лица.

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години. Сите лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 03.10 до 18.10.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 281.

By Author