Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи со КОВИД-19, тројца починати и 148 оздравени пациенти. соопшти Министерството за здравство.
Од вкупно ново регистрираните (99) случаи, 13 се реинфекции.
Од трите починати лица, две се од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, а регистрирани се во период од 23.03 до 30.03.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, а на активни случаи изнесува 727.
Податоците за состојбата со Ковид-19 од викенд ќе се објавуваат во понеделник, информираа од Министерството за здравство.
Ова, како што се посочува, е заклучок кој Комисијата за заразни болести го донела на последниот состанок, согласно предлогот на Институтот за јавно здравје – дневното инфо за состојбата со Ковид-19 во текот на викендите да се подготвува и презентира во понеделник.