Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на КОВИД-19,  252 оздравени пациенти и нема починато лица.

Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550.

By Author