Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19, 221 оздравен пациент и 3 починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години. Од пријавените починати лица, 2 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 14.03.2022 год. до 23.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.951.621 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.878, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.975.