Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19, регистрирани се 284 оздравени пациенти и 1 починато лице.
Од вкупниот број на позитивни (310) ,регистрирани се 49 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице: од Скопје ( 77г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.941.593 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.728 а бројот на активни случаи изнесува 1.913.