Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминативе 24 часа се регистрирани нови 312 случаи на КОВИД-19, од направени 2.605 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени четири починати лица во период од 19 февруари до 9 март.

Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.

By Author