Почетокот на големото финале на Евровизија 2023 во Ливерпул, го отвори принцезата Кејт Мидлтон.
Кејт Мидлтон принцезата од Велс свиреше на пијано во замокот Виндзор песна посветена на Украина.
Нејзиниот маестрален настап беше проследен со громогласен аплауз.
После нејзината емотивна песна следеше настапот на минатогодишниот победник „Калуш оркестар“, кој победи во Торино во 2022 година со песната „Стефанија“.
Кејт изгледаше прекрасно во кралско син фустан со едно рамо кој поради својата должина го прекри столот на кој седеше. Кафеавата коса ја обликуваше во пуштени бранови кои и паѓаа преку рамениците, додека изгледот го комплетираше со едноставна шминка и пар висечки обетки.