Синоќа се одржа 67. Избор за песна на Евровизија и по неизвесен и возбудлив крај победи Шведска. Шведска по седми пат ја освои европската и светската публика, а следната Евровизија во оваа земја ќе се одржи точно 50 години откако АББА победија со песната „Ватерло“.

И овогодинешниот избор за песна на Евровизија го одбележаа музичката разновидност, добрите песни, специфичните сценски изведби и интересните костими, заедно со визуелните ефекти на сцената, за кои се погрижи домаќинот Велика Британија.

Оваа пејачка испиша историја бидејќи е првата жена која по втор пат победила на овој музички натпревар.

Претставничката на Шведска, Лорин победи на овој натпревар во 2012 година со песната „Еуфорија“. Таа оваа година се врати на Евровизија со песната „Тетоважа“ и интересен сценски настап.

Кариерата на Лорин започна во 2004 година на натпреварот „Идол“ каде го освои 8-то место.Подоцна работеше како водителка, по што направи пауза и се врати во медиумите како продуцент на бројни реални шоуа.

By Author