Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го очекуваат своето прво дете, парот има вкупно 5 деца од претходните врски.
Кортни Кардашијан е бремена! Најстарата сестра од кланот Кардашијан поминала низ вкупно 10 вон телесни оплподувања за да забремени на 44 години со новиот сопруг Тревис Баркер.
Таа на оригинален начин ја сподели радосната вест. За време на концертот на нејзиниот сопруг, Кортни држеше транспарент на кој пишуваше „Тревис, јас сум бремена“.
Музичарот скокнал од сцената за да ја бакне сопругата. Тешко дека ова е изненадување за него, со оглед на тоа што парот е во процес на ин витро оплодување повеќе од една година, а и самата Кортни веќе има видливо испакнат стомак.
Сепак, Кардашијан се познати по своите екстремни постапки достојни за реално шоу.
Кортни со години беше во врска со Скот Дисик, со кој има 3 деца: Мејсон, Пенелопе и Реган, додека Тревис има две возрасни деца на возраст од 29 и 19 години.