Платформата за пријавување за вакцинација во Хрватска, доживеа колапс.

Платформата воопшто не се користи во окрузите, и како што потврди Звонимир Шостар, раководителот на Институтот за настава, д-р Андрија Штампар за Индекс, вакцинацијата преку системот Цијеписа е прекината во Загреб и немаат намера да ја продолжат.

„Точно е, се вакцинираат исклучиво оние кои се пријавиле преку своите матични лекари. Преку платформата воопшто не вршиме вакцинација, изјави утрово за „Индех“.

А ја објасни и причината за таквата одлука.

„Кога имавме состанок со ИТ тимот, прашавме дали дали функционира некаде оваа платформа, во било која област. Одговоротт беше дека не работи . Тогаш се одлучиливме за модел здравствените домови да вакцинираат, а ние да бидеме координатори преку матичните лекари.

„Продолжуваме како што беше досега. Нема да одиме низ Цијеписа до ново известување“, рече тој.

Воедно предупреди на голем технички проблем, што е една од клучните причини зошто тие се откажале од платформата.

“Платформата сега ги покажува само иницијалите, што ни создава големи проблеми. Не можете да го проверите статусот на вакцината преку иницијалите, што доаѓа до потреба за дополнителни проверки, за што е потребно дополнително време”, вели Состар..

„Индекс“ по обидите да добие коментарот на Берош за целосното уривање на платформата Цијеписа, која беше претставена како наједноставен и најефикасен начин за пријавување на вакцинацијата, не наиде на никаков одговор.

За потсетување, откриен е уште еден огромен пропуст на платформата – поради грешка, 4.000 од оние кои први се пријавија, најверојатно се исчезнати од системот.

Пред пунктовите луѓето чекаат со саати и се прават огромни гужви, соопштува српскиот медиум „Prva“.

By Admin