Бројот на нови случаи на коронавирус во светот е намален за 17 отсто во текот на минатата недела во однос на претходната недела, а бројот на починати е намален за 7 отсто, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Во исто време, како што беше соопштено, бројот на нови случаи на коронавирус во САД е намален за 50 отсто, пренесува агенцијата АП.
- Преваленцијата на сојот омикрон е зголемена на глобално ниво и сега е откриена во речиси сите земји – известува СЗО.
Бројот на нови случаи е намален во сите шест региони на СЗО, освен во источниот Медитеран, кој забележа скок од 36 отсто, со посебен пораст во Авганистан, Иран и Јордан.
Во Европа бројот на заболени е намален за 7,0 отсто, додека во Северна и Јужна Америка падот е 36 отсто.