ОВЕН
Работа:
Можна е ненадејна деловна понуда онаму каде што најмалку очекувате, па бидете подготвени да разговарате за тоа.

Љубов: Немојте да ве изненади повик од личност која неодамна сте ја запознале, со желба повторно да се сретнете и подобро да ве запознаеме.

Здравје: Стрес, напнатост.

БИК
Работа:
Можна е нова понуда за работа или можност да направите нешто поразлично, нов деловен проект кој би можел да ја подобри вашата финансиска состојба.

Љубов: Доколку сте решиле да одите на одмор, во овој момент е полн погодок.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Обидете се малку да тактизирате во преговорите, договорите, не одете на првата топка бидејќи нема потреба ништо да забрзувате.

Љубов: Опуштен и неврзан разговор со саканата личност или некоја дружба со пријателите би биле повеќе од пожелни.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
Некои деловни приказни, зделки и соработки кои се закочени поради различни околности може повторно да се активираат.

Љубов: Потрудете се да внесете некои позитивни промени и иновации во вашата врска, тоа ќе ви одговара и на двајцата.

Здравје: Можна главоболка, метеоропатски реакции.

ЛАВ
Работа:
Вашите организациски способности, промисленоста, практичноста и рационалноста, позитивниот пристап кон соработниците доаѓаат до израз и можете да постигнете завидни резултати во што и да правите.

Љубов: Доколку сте некоректни или премногу доминантни во некои работи, лесно ќе навлезете во некои бесмислени расправии, а тоа секако не ви треба.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Можно е да добиете некои многу важни информации кои ви се неопходни за да завршите некој деловен процес кој веќе одамна сте го започнале.

Љубов: Уживајте заедно во се што правите и каде и да одите. Некои заеднички пријатели може да имаат интересна идеја за состанок или кратко патување.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Ве очекуваат многу добри можности, а на вас е да не го пропуштите тоа што ви се нуди

Љубов: Ако барем една нова интересна личност веќе некое време го окупира вашето внимание, тогаш не би било лошо да го остварите потребниот телефонски повик. Не е исклучено и обратното.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ШКОРПИЈА
Работа:
На Шкорпиите им претстои постепено завршување на претходно преземените обврски и помалку или повеќе успешно завршување на професионален мини-циклус.

Љубов: За Шкорпиите кои се во емотивни врски продолжува многу убав период полн со добра забава, излегувања и дружење. Уживај во секој момент.

Здравје: Одлично.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ќе успеете да ги завршите сите обврски кои евентуално ви заостанале зад вас, бидејќи сте решиле максимално да се организирате и да се подготвите за деловниот период кој е пред вас.

Љубов: Обидете се да правите се како пар, па SAMO така ќе успеете заедно да ги надминете сите предизвици.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
Целата енергија, искуство и амбиции треба да ги насочите кон нови проекти и иновации на полето на работата.

Љубов: Ништо не ве спречува да излегувате, да се дружите, да бидете позитивни и да ширите добра енергија и брзо ќе привлечете позитивни настани во вашиот емотивен живот.

Здравје: Зголемен стрес, работете што повеќе на релаксација.

ВОДОЛИЈА
Работа:
На водолиите им претстои ден кој треба да го посветат на целосен ангажман и посветеност на поставените деловни цели бидејќи условите се поволни за тоа.

Љубов: Подгответе се на барем една отстапка денес кога станува збор за љубовта.

Здравје: Одлично.

РИБА
Работа:
Кај вас постои големо незадоволство и потреба од промени и веќе сега можете да започнете некои чекори во таа насока.

Љубов: Обидете се да не го занемарувате премногу љубовниот сегмент бидејќи астролошките аспекти се доста поволни за фина љубовна комуникација.

Здравје: Променливо расположение.

By Author