ОВЕН
Работа: Иако можеби сте планирале да направите нешто дополнително денес, размислете двапати. Доколку не е потребно, реорганизирајте се и оставете нешто за следните денови.

Љубов: На љубовен план ве очекува сосема поинаков ден во однос на претходниот.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
И во овој работен ден, на Биковите им се советува да бидат упорни и да не дозволуваат заостанатите долгови да ги забават деловните текови.

Љубов: Доколку сте слободни, постои можност да започнете нова сериозна љубовна приказна.

Здравје: Спијте доволно.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаците и во оваа среда треба да се посветат на своите обврски со најголема одговорност, без разлика колку и да се заморни. Вашиот труд дефинитивно ќе се исплати.

Љубов: Покажете ги вашите чувства кон саканата личност без воздржување. Важно е да се биде отворен.

Здравје: Ви треба релаксација.

РАК
Работа: Бидете внимателни со документацијата и хартиите, проверете сè неколку пати доколку е потребно бидејќи нема причина за брзање.

Љубов: Што се однесува до љубовната сфера, добро би било да избегнувате празни приказни без вистински расправии. Спуштете ја малку топката.

Здравје: Променливо расположение.

ЛАВ
Работа: Многу добар ден во најава е пред Лавовите. Продолжете таму каде што сте застанале и преземете храбри чекори кон зацртаните деловни цели. Ќе имате доволно енергија и ентузијазам за работа.

Љубов: Не е поволен ден да се оптоварувате себеси и саканата личност со детали од минатото, размислете за иднината.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа: Девиците ќе имаат полни раце работа во текот на целиот ден, но нема за што да се грижите, ќе успеете да завршите се на време.

Љубов: Може да бидете доста нерасположени и незадоволни од некои постапки во однесувањето на саканата личност.

Здравје: Слаба енергија, одморете се доволно.

ВАГА
Работа: Продолжува периодот на поволни околности во вашиот професионален живот, само немојте да бидете брзоплети, никаде не брзате и се ќе биде во ред.

Љубов: Денес ситници и неважни детали поврзани со однесувањето на саканата личност можат да ве полудат.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ШКОРПИЈА
Работа: Неочекуван деловен договор може да ви отвори многу ветувачка работа. Искористете ја поволната можност.

Љубов: Слободни, добра енергија, добро расположение, многу акција и контакти се пред вас. Треба да уживате и да се предадете на моменталната добра атмосфера.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Овој ден Стрелците ги очекуваат многу обврски поврзани пред се со областа на комуникацијата и техничката организација. Бидете трпеливи во односите со деловните соработници.

Љубов: Денешните околности во љубовната сфера можат навистина да ви користат, особено ако сте со отворено срце за нови познанства.

Здравје: Пазете се од настинки.

ЈАРЕЦ
Работа: Добра деловна клима, со уште подобри изгледи дека Јарците ќе го дочекаат крајот на овој ден презадоволни од постигнатите резултати на професионално поле.

Љубов: Посветете се на саканата личност, дајте и убав знак на внимание и уживајте во добра и опуштена атмосфера.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите денес би можеле да бидат многу активни кога станува збор за помош на некој од нивните блиски деловни соработници.

Љубов: Денес би можеле да ја запоставите љубовната сфера, што не е препорачливо, бидејќи може да наидете на несоодветно разбирање од другата страна.

Здравје: Одлично.

РИБИ
Работа: Уште еден ден со многу предизвици, особено на полето на договорите со деловните соработници, е пред Рибите.

Љубов: Не е на одмет и средба со личност која сте ја запознале на патување, па еве можност за убав разговор.

Здравје: Намален имунитет.

By Author