Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на
Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година.
Од 11.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,743 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство
на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 43,743 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се
менуваат

By Author