Поранешниот крал на крипто, Сем Бенкмен Фрид, основачот на неуспешната берза FTX, вчера беше прогласен за виновен за измама и перење пари на крајот од едномесечното судење во Њујорк. Пресудата ќе му биде изречена на 28 март, а може да добие и до 110 години затвор.

Иако тешко дека судијата ќе донесе таква одлука, на 31-годишникот сигурно му се заканува повеќедецениска затворска казна.

– Сем Бенкмен Фрид изврши една од најголемите финансиски измами во американската историја. „Овој случај отсекогаш се вртеше околу лаги, мамења и кражби, а ние немаме трпение за тоа“, рече американскиот обвинител Демијан Вилијамс во изјавата по пресудата.

Фрид се изјасни за невин на судењето, тврдејќи дека иако правел грешки, постапил со добра намера.

By Author