Суровиот зеленчук има различни хранливи материи од готвениот, па затоа е важно да се знае кои треба да се зготват, а кои не да се извлече максимумот од нив.

Зеленчукот е богат со витамини и минерали. Витамините во зеленчукот се категоризираат како растворливи во масти и растворливи во вода. Витамините растворливи во масти, кои вклучуваат витамини А, Д, Е и К, се постабилни, додека витамините растворливи во вода, како што се витаминот Ц и Б, се почувствителни на готвењето и на тој начин се губат.

Затоа, често се препорачува некои зеленчуци да се јадат сирови со цел да се максимизира количината на хранливи материи што ги обезбедува.

Зеленчукот е исто така богат со антиоксиданси, а некои зеленчуци се уништуваат при готвењето, додека други стануваат биодостапни. Тоа значи дека телото подобро ги апсорбира хранливите материи од нив. Метод на готвење исто така игра улога во опстанокот на минералите и антиоксидансите.

Зеленчук кој е поздрав за јадење сиров
Зеленчукот богат со витамин Ц, како што се брокулата, спанаќот и зелената салата, се најдобри за здравјето кога се јадат сирови. Готвењето го намалува количеството на витамин Ц во нив Кељот и грашокот се поздрави за јадење сирови.

Зеленчук богат со антиоксиданси кои се поздрави за јадење сирови се лукот, спанаќот, коренот од магдонос и празот.

Зеленчук кој е поздрав за јадење варен
Постојат зеленчуци чии антиоксиданси подобро се апсорбираат од телото при првото готвење. За да ги искористите сите хранливи материи, згответе моркови, бели и слатки компири, аспарагус, цвекло и карфиол.

Готвењето позитивно влијае и на подобрата апсорпција на бета-каротенот во зеленчукот како моркови, слатки компири, тиквички и тиква.

Внимателно гответе го зеленчукот
Секако, подобро е да се јаде варен зеленчук отколку да не се јаде воопшто. Ако сировиот зеленчук не е за вас или едноставно претпочитате да го јадете варен, искористете го максимумот од хранливите материи. Гответе ги доволно долго за да омекнат, но не премногу долго за да станат кашести, пишува Live Strong.

И на крај, советот на мудриот маестро Фулвио Пјеранџелини, светски познатиот италијански готвач со две Мишелин ѕвезди препорачува: „Ако навистина се грижите што и како да јадете, наутро јадете сиров зеленчук и гответе го за вечера“. Како што знаете, дигестивната активност се забавува во текот на ноќта, што значи дека има смисла да се грижите за лесно сварливо мени кое ќе ве ослободи од стомачни тегоби“.

By Author