Прогноза за 22.11.2023

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.

Утринските минимални температури ќе се движат од 4 °C до 8 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 8 °C до 15 °C.

Во Скопје облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author