Прогноза за 21.11.2023

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -1 °C до 5 °C, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 9 °C до 16 °C.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб јужен ветер.

Соопштувааат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author