Прогноза за 27.04.2023

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Утринските минимални температури ќе се движат од -3 °C до 8 °C, додека максималните дневни ќе бидат во распон од  9 °C до  19 °C.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author