Прогноза за 26.04.2023

Променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринските минимални температури ќе се движат од 2 °C до 10 °C, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 7 °C до 19 °C.

Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author