Прогноза за 16.04.2023

Умерено до значително облачно, Наутро понекаде во западните делови со појава на дожд, а попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 4 °C  до 10 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 11 °C до | 20 °C.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен умерен до пороен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author