Прогноза за 14.04.2023

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).

Утринските минимални температури ќе се движат од 4 °C до 10 °C, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 10 °C до 19 °C

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Соопштуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author